петок, 22 ноември 2024
Владата го презентираше извештајот за работата на ЕСМ

Ковачевски: Никого не оставивме сам, обезбедивме евтина струја

Објавено на

часот

Сподели

Премиерот напомена дека тоа исто така беше обезбедена евтина електрична енергија за производителите на основни прехранбени производи, за училиштата и стабилизирање на снабдувањето со електрична енергија на основните функции на државата, пред се на здравствениот систем.

„Заради тоа веќе неколку месеци заради и другите мерки кои ги преземаме во делот на цените, од октомври наваму имаме намалување на инфлацијата. Го донесовме најголемиот пакет антикризни мерки во регионот, оценет и од Светска банка, за граѓаните, посебено заради најранливите категории на граѓани и за одржување на ликвидноста на компаниите од над 760 милиони евра. Ова се стратешки политики и вистинска грижа за граѓаните и за компаниите во време на криза“, рече Ковачевски на прес-конференцијата.

Тој наведе, како што рече, неколку факти во однос на начинот на кој Владата се справила со најголемата енергетска криза, која светот ја памети по Втората светска војна.  

„Во изминатата 2022 година и подготовките за грејната сезона 2022/2023 година освен што се соочивме со предизвикот да менаџираме две кризи – кризата со електрична енергија и кризата со топлинска енергија, за жал се соочивме и со разни шпекулации, црни сценарија и лажни вести од одредени структури во општеството и пред се политички партии. Се шпекулираше дека нема да имаме домашно производство на електрична енергија, дека ќе има крах на целиот енергетски систем, дека ќе има рестрикции, дека ТЕЦ Неготино нема да проработи, дека во РЕК Битола дека нема да се инсталира новиот трансформатор и нема да може да произведува со три блока, дека ќе имаме енормно зголемување на цената на електрична енергија, дека ќе имаме ценовен шок за граѓаните и компаниите, дека град Скопје ќе остане без топлинска енергија и низа други шпекулации, лаги и невистини кои што за среќа на граѓаните се покажаа како невистинити и неточни. Напротив, нашите  граѓани имаа сигурно и стабилно снабдување со струја и парно кое стартуваше во точно пропишаниот рок и во текот на цела грејна сезона“, истакна премиерот.

Тој напомена дека е зголемено домашното производство на електрична енергија и ЕСМ обезбедило 100 отсто снабдување со електрична енергија, иако по закон требало да обезбеди 60 проценти. 

„Паралелно го презедовме греењето со топлинска енергија во главниот град. Снабдувањето со топлинска енергија во главниот град е обврска на град Скопје кој не е управуван од Владата, ниту пак е управуван од партиите во владејачката коалиција, туку напротив е управуван од нашите политички опоненти и нивниот градоначалник кој победи на последните локални избори. Тие се откажаа од оваа нивна обврска и тоа ние го презедовме заради граѓаните“, нагласи Ковачевски.

Паралелно, со правилни политики, додаде премиерот, ја развиваме зелената транзиција, затоа што наш приоритет е енергетската независност.

„Нашата земја веќе е регионален лидер во енергетската транзиција, со огромен потенцијал да стане зелен енергетски хаб. Континуирано расте интересот за инвестиции во обновливи извори.  Само од 1 јануари 2022 година до 28 февруари годинава, во земјава има изградено и пуштено во употреба нови фототанапонски централи со инсталиран вкупен капацитет од 181,2 мегавати од обновливи извори што можат да ги задоволат потребите на 72.500 домаќинства со просечна потрошувачка на електрична енергија. Односно, со овие капацитети од обновливи извори на енергија во кои што дел се изградени и од страна на ЕСМ на старите наоѓалишта на рудникот во Осломеј и кој заедно свечено ги пуштивме во употреба може да се задоволат потребите на домаќинства од осум градови: Охрид, Тетово, Кратово, Крушево, Крива Паланка, Свети Николе, Ресен и Дојран. Во првите два месеца од годинава во државата има нови 88 фотонапонски електроцентрали со моќност од 29 мегавати за производство на струја кои се стекнале со лиценци за работа и произведуваат електрична енергија“, посочи премиерот.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ