вторник, 22 октомври 2024
Изјава на премиерот

Ковачевски: Мицкоски треба да знае дека ако прикрива докази прави кривично дело

Христијан Мицкоски треба да знае дека ако има докази поврзани со убиствата и ги прикрива дека прави кривично дело, рече премиерот Димитар Ковачески осврнувајќи се на синоќешните изјави на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за ТВ Шења. 

Објавено на

часот

Сподели

„Што се однесува на коментарите на лидерот на опозицијата, тој во многу случаи се има поставено како истражител и како обвинител и нема да навлегувам во тоа со што сака да се бави. Меѓутоа прикривање на докази, за коишто вели дека ги има, е исто така кривично дело и затоа доколку има докази треба сите да ги достави до Министерството за внатрешни работи или до обвинителството, бидејќи се работи навистина за еден грозоморен чин, којшто е направен од нелуѓе и коишто треба да бидат изведени пред лицето на правдата и согласно законите да бидат најстрого казнети“, изјави Ковачевски.

Ковачевски смета дека во истрагата се постапува добро, дека Министерството за внатрешни работи во соработка со Интерпол, како и со Србија, Хрватска, Турција и Бугарија успеа да ги лоцира сите извршители на овој грозоморен чин, како и да ги приведе сторителите и  обезбедените доказни материјали да ги достави до Јавното обвинителство.

„Во однос на сите информации што се однесуваат за истрагата, министерот за внатрешни работи и неговите колеги имаа детелни прес-конференции, а во однос на сите информации коишто ги има Јавното обвинителство имаше прес-конференција јавниот обвинител и соодветни соопштенија. Така што, не би навлегувал со коментари во нивната надлежност на работа“, рече Ковачевски.

Прашан колку ќе трае екстрадицијата на првоосомничениот Љупчо Палевски од Турција, со оглед на информациите дека може да трае минимум 40 дена, Ковачевски со одговор дека очекува сепак екстрадицијата да биде побрзо реализирана, а како што рече Министерството за правда ги подготвува сите материјали, согласно законот и согласно меѓународната пракса за екстрадиција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ