Таа заедно со амбасадорите на западни земји акредитирани на Косово им оддаде почит на паднатите војници на НАТО за време на конфликтот на Косово и кажа дека верува дека Косово многу брзо ќе седи во тој воен пакт.
„Вечно фала на НАТО. Верувам дека Косово многу брзо ќе седи во НАТО покрај пријателите кои стоеја со нас во најтешките моменти и дека овој долг ќе се врати помагајќи им на други земји“, кажа Османи.
Според неа, 24 март се претворил во непоколебливо партнерство на Косово и „демократскиот свет“ во сојуз кој трае и денес.
„Сакам уште еднаш, во име на народот на Косово, од срце да му се заблагодарам на секој од НАТО војниците кои ги ризикуваа своите животи за да ги сочуваат нашите. Им се заблагодарувам на сите лидери на демократските држави кои не ги затвораа очите пред страдањата на народот на Косово, туку дојдоа да нè спасат, а и денес стојат со нас додека работиме на тоа нашите граѓани и пријатели да бидат горди со развојот на демократијата, заштитата на човековите права и јакнењето на меѓународниот субјективитет на Косово“, порача таа.
Амбасадорот на САД во Приштина Џефри Ховенијер напиша на платформата Икс дека денес ѝ се придружил на Османи на споменикот на НАТО војниците.
„Се сеќаваме и ги почитуваме храбрите војници кои ја дадоа крајната жртва“, напиша американскиот амбасадор.
Today I joined @VjosaOsmaniPRKS at the memorial to fallen @NATO soldiers. We remember and honor the brave servicemembers who made the ultimate sacrifice, including U.S. Army Chief Warrant Officers David Gibbs and Kevin Reichert. pic.twitter.com/kjGfDd7nw7
— Ambassador Jeff Hovenier (@USAmbKosovo) March 24, 2024