петок, 18 октомври 2024

Координирана саботажа на француските возови пред почетокот на Олимписките игри (ВИДЕО)

Вандали ги нападнаа француските железници и мрежата на брзи возови во серија координирани акции што доведоа до големи прекини во сообраќајот на некои од најпрометните железнички линии во земјата.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Државниот железнички оператор рече дека цел на вандалите биле инсталации долж линиите што го поврзуваат Париз со градовите како Лил на север, Бордо на запад и Стразбур на исток, пренесува Ројтерс.

Тие ги повикаа сите патници да ги одложат патувањата. Поправките се во тек, а железничкиот сообраќај ќе биде сериозно нарушен барем до крајот на викендот.

„СНЦФ беше жртва на неколку вандалски чинови на атлантската, северната и источната брза линија. Пожарите беа намерно подметнати за да ги оштетат нашите инсталации“, соопштија од француските железници.

Сè се случува неколку часа пред свеченото отворање на Олимписките игри во Париз каде безбедносните мерки се на невидено ниво, со десетици илјади полицајци и војници кои ќе го обезбедуваат настанот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ