понеделник, 21 октомври 2024

Контроверзна песна на израелски деца: „Ќе ги збришеме сите наши непријатели“ (ВИДЕО)

Израелска организација која себеси се нарекува Цивилен фронт предизвика контроверзи на социјалните мрежи со продукцијата на песна во која деца ги опеваат уништувањата во Газа и порачуваат „ништо нема да остане таму“ за една година. Исечок наводно прикажува деца евакуирани од кибуци во близина на Појасот Газа, а песната е на удар на критики во Израел и светот поради текстот, како и фактот дека ја пеат деца.

Објавено на

часот

Сподели

Видеото е посвета на класичната израелска песна „Херут“ (Заедништво), која поетот Хаим Гури ја напишал за настаните во војната за независност во 1948 година. Изворната верзија на песната е ода за изгубените во ужасите на војната, пишува Тајмс оф Израел.

Новата верзија има многу повоинствен тон, и содржи стихови како „ИДФ ја преминува границата за да ги елиминира носителите на кукастиот крст“, „Сите ќе ги збришеме“ и „Ќе му покажеме на светот како ги уништуваме нашите непријатели“.

Дел од песната споделија пропалестинските активисти на социјалните мрежи со коментари: „Израелските деца пеат геноцидна песна за Газа“ и „Вака ли ги воспитуваат своите деца?“ Во Израел има и поддршка за песната, но повеќето реакции се исклучително негативни.

Веројатно и самиот Гури, кој бил левичарски активист, не би бил задоволен од новата верзија на својата песна. „Навистина се надевам дека наследниците ќе ве тужат и дека ќе бидете присилени да го избришете ова нешто“, напиша еден Израелец на Твитер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ