Властите на Палестина може веќе оваа недела да побараат гласање во Советот за безбедност за примање на таа држава како полноправна членка на ОН, што практично би значело признавање на Палестина како држава, пренесува Ројтерс.
Досега независноста на Палестина, која во моментов има статус на набљудувач во ОН, ја признаа 138 од вкупно 193 членки на тоа тело.
Барањето на Палестина мора да биде одобрено од Советот за безбедност, каде што САД, сојузник на Израел, може да стават вето на гласањето.
Ставот на САД е независноста на палестинската држава да се случи преку преговори со Израел, а не преку ОН, потсетува Ројтерс.