сабота, 13 јули 2024

Комеморацијата за актерот Трајче Ѓоргиев ќе се одржи во вторник во МНТ

Објавено на

часот

Сподели

Веста за неговата смрт пристигна вчера, а во соопштението од Македонски народен театар беа споменати сите негови животни достигнувања по кои ќе остане запаметен.

Ѓоргиев дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје, на отсекот за актерска игра. Бил дел од МНТ повеќе од триесет години – започнувајќи од првата улога како Акаст во „Мизантроп“ (1989).

Во 2005 година ја режира и игра во петте пантомими за една глумечка претстава „Човекот” од Марсел Марсо и со неа се стекнува со титулата магистер по пантомима на Академијата за театар и филм „НАТФИЗ” во Софија, Бугарија. 

Бил дел и од „Театар за пантомима“, летна школа на Кенјон колеџ, Гамбир, Охајо, 2008 година, а посетува и едногодишни специјалистички студии по пантомима во класата на проф. д-р Александар Илиев, на „НАТФИЗ“, 2005 – 2006 г.

Добитник е на Гран при за најдобра претстава и најдобра режија на ДАФ, Кочани за претставата „Кралот  Иби“ во 1991 година, Гран при на ДАФ, Кочани, за претставите „Настојник“ во 1996 година, „Домот на Бернарда Алба“ во 1998 година, „Јане Задрогаз“ во 1999 година и „Најкратки драми на светот“ во 2003 година. Исто така е добитник на две големи награди за претставата „Човекот“ – награда за најдобра сценска игра на фестивалот „Златен рис“ во Бања Лука и наградата на директорите на фестивалот на Меѓународниот фестивал во Габрово, Бугарија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ