Во претставата играат: Јулијана Мирчевска, Катерина Аневска Дранговска, Соња Ошавкова, Александар Димитровски, Никола Пројчевски. Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографијата е на Благој Мицевски, а драматург е Оливера Павловиќ.
Николај Кољада, како што наведуваат од Битолскиот народен тетар, веќе три децении предизвикува голем интерес во театарскиот свет. Неговите пиеси се поставувани во театри во Русија, преведени се на многу јазици и се изведуваат во Германија, Италија, Англија, САД, Швајцарија.
„‘Феноменот Кољада’ во театарот не е случаен: тој е извонреден драматург – неговите пиеси се интересни за анализа и во нив има за што да се размислува. Кољада е можеби суров во својот натурализам, тој не нуди лажна утеха за животот таков каков што е, но и не го остава човекот без потпора во неговата потрага да се извлече од празнината и небитието. Прифаќајќи ја драмата на својот живот како свој живот, неговите ликови создаваат можност да се прифатат себеси како луѓе, а со тоа и светот на сопствените можности како добар свет за себе“, се вели во соопштението.