понеделник, 21 октомври 2024

„Кога ќе ми го вратите мажот?“: инсистираше сопруга на руски војник во изборен штаб на Путин (ВИДЕО)

Сопругата на руски војник упати емотивен апел тој да биде вратен од Украина, во саботата во изборниот штаб на претседателот Владимир Путин, пркосен гест во земја каде што отворената критика на војната е забранета, пишува Ројтерс.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

„Владимир Владимирович Путин издаде декрет дека мојот сопруг мора да биде таму (во Украина). Мене ме интересира кога ќе издаде декрет дека мојот сопруг мора да биде дома“, рече Марија Андреева додека активистите од кампањата гледаа.

Расправијата се разжестува кога една жена ѝ вели дека руските војници во Украина ја бранат татковината и дека таа треба да се моли за нив.

„Па што е следно? Министерството за одбрана ги потроши парите, сега треба да исцедиме сѐ од нашите момци, да им ја извадиме последната трошка живот? За да ни се вратат како трупци?“, прашува Андреева.

„Мене ќе ми го дадат трупецот? Што ќе добијам јас? Човек без нозе, без раце, болен човек? Не знаете ли што се случува таму?”

Расправијата се случила во изборниот штаб на Путин за време на посетата на мала делегација од „Патот кон дома“, организација на сопруги на војниците, која води кампања за нивно враќање од фронтот.

Во септември 2022 година Путин мобилизираше 300.000 резервисти во непопуларен потег, за кој рече дека нема потреба да се повторува бидејќи стотици илјади други доброволно се пријавиле како војници со договор.

Андреева рече дека не забележала посветеност кај властите да ја ублажат загриженоста на сопругите на војниците и дека е време нивната кампања да се засили.

Таа им кажа на новинарите дека нејзината мала ќерка страда од прекин на говорниот развој поради отсуството на нејзиниот татко.

„Сите проблеми на моето семејство можат да се решат само со една работа – со демобилизирање на мојот сопруг. Затоа што таа е сосема друго дете кога нејзиниот татко ќе дојде дома“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ