„Па, не би го коментирал него повеќе, јасно кажа Владата. Имаше тој, доволно можност да се размрда, да се покаже како бескомпромисен борец за правдата и против оние случаи каде што има основано сомневање за сторен криминал. Но, очигледно, дека барањето изговори и купувањето време се нечија карактерна особина. Така што мислам дека имаше тој доволно време да покаже, за жал, таа доверба не ја оправда и сега Владата отпочнува еден процес“, изјави премиерот.
Премиерот Мицкоски нагласи и дека чесно и доблесно би било Државниот јавен обвинител самиот да се повлече, со цел да се избере обвинител кој ќе работи против криминалот и корупцијата во државата.
„Денеска бев во Парламентот, тој процес започна во Парламентот, во Парламентот ќе заврши. Така што мислам дека чесно и доблесно од него би било самиот да се повлече и да го скратиме овој период, да можеме да избереме обвинител, кој што ќе биде бескомпромисен борец против криминалот и корупцијата во Македонија“, рече премиерот.