Тоа е рекорд за Кливленд кој оваа сезона има баланс од 55 победи и 10 порази. До овој триумф стигна и покрај тоа што во составот не беа Донован Мичел, Диандре Хантер и Тај Џером.
Бруклин во еден момент поведе со 71-53, но потоа почна пресвртот на домаќините кои полека ја топеа предноста на гостите и на крајот го добија мечот со 109-104.
Гарланд со 30 поени беше најефикасен во составот на Кливленд, одличен беше и Ален со 23 поени и 13 скокови. Во составот на Бруклин, Томас постигна 27 поени.
Резултати:
Кливленд – Бруклин 109-104
Детроит – Вашингтон 123-103
Индијана – Милвоки 115-114
Њу Орлеанс – ЛА Клиперс 127-120