вторник, 22 октомври 2024

Климатски активисти уапсени поради фрлање боја на Стоунхенџ

Двајца климатски активисти се уапсени денес поради прскање со портокалова боја по древниот споменик Стоунхенџ во Англија, соопшти полицијата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Премиерот Риши Сунак ја осуди акцијата на активистите на групата „Само сопрете ја нафтата“ и ја нарече „срамен чин на вандализам“.

Кај тој камен круг стар 4.500 години утре ќе се соберат илјадници луѓе на денот на летната рамноденица, најдолгиот ден во годината на северната хемисфера.

Споменикот на југот на Англија е дел од светското наследство на Унеско и едно од најпосетените туристички места во Британија.

Установата Британско наследство, која управува со оваа локација, соопшти дека настанот е „исклучително вознемирувачки“ и дека кустосите ја истражуваат штетата.

Активистичката група на социјалната мрежа Икс напиша дека бојата е направена од пченкарен скроб и дека ќе се истопи на дожд.

„Само сопрете ја нафтата“ е една од многуте групи во Англија кои прекинуваат важни настани и со храна и боја прскаат уметнички и културни дела и го сопираат сообраќајот за да го свртат вниманието на прашањето на глобалното загревање.

Денешниот чин, соопштија, е реакција на неодамнешниот изборен манифест на Лабуристичката партија.

Лабуристите кажаа дека, ако победат на изборите на 4 јули, нема да издаваат понатамошни дозволи за истражување нафта и гас. Групата го поддржува мораториумот, но вели дека тоа не е доволно.

Во соопштението групата наведе дека лабуристите, кои според анкетите на следните избори ќе го освојат мнозинството, мора да одат чекор понатаму и да потпишат договор за постепено укинување на фосилните горива до 2030 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ