сабота, 30 ноември 2024

Кирил Лазаров: НИКОБ е бренд кој го создадоа задоволните клиенти

Објавено на

часот

Сподели

Посетата беше заокружена со презентирање на Центарот за кеш услуги и Националниот мониторинг центар, услуги кои се уникатни во Македонија и се на ниво на земјите членки на Европската Унија.

Презентирана беше и иновацијата персонална камера која ќе биде дел од личната опрема на физичкото, патролното и транспортното обезбедување и интергирање на камери во возилата кои ќе имаат за цел да ги снимаат сите интервенции.

На средбата на премиерот со менаџментот на НИКОБ групацијата беа презентирани идните инвестиции во здравствениот сегмент, но и нов инвестициски циклус во безбедносните системи.

Кирил Лазаров, сопственикот на НИКОБ групацијата по повод 25 годишнината од основањето на НИКОБ обезбедување изјави дека неговата групација стана една од најголемите работодавци со домашен капитал во државата.

Денес НИКОБ групацијата вработува околу 2.600 вработени. Во последните три години инвестиравме околу 15 милиони евра во сите 4 правни субјекти, и тоа значи во опрема, човечки капитал, млади доктори и медицински персонал, стипендии, објекти, системи, возен парк… НИКОБ групацијата има годишен обрт на капитал од околу 30 милиони евра. Во овој период инвестиравме во деловните простории и канцларии креирајќи квалитетна, удобна и пријатна работна средина на вработените во администрацијата“, речеЛазаров и најави инвестиции во делот на медицината, зајакнување на капацитетите на обезбедувањето со примена на нови технологии и системи.

Лазаров ги истакна инвестициите во примарниот здравствен сегмент кој се покажа како неопходен во најголемата светска пандемија.

Стекнавме доверба на околу 5.000 пациенти и поминавме над 35.000 киломитери со НИКОБ медикал како во државата така и во странство, за само една година. Инвестиравме и задржавме млад здравствен кадар – доктори и медицински персонал, во опрема и модерни возила. Би сакал да истакнам дека со само една година постоење на НИКОБ лаб станавме лидери во тестирањата за ковид-19. И, со нашето влегување на пазарот практично ги намаливме цените на приватните тестирања за ковид-19 за повеќе од 50% и значително го помогнавме државниот здравствен систем со брзите медицински интервенции и нашите капацитети“, рече Лазаров истакнувајќи дека сето ова е резултат на напорна работа, добар тим, лојални работници, предвилива работна средина, стратешки концепт за понатаму и постојани инвестиции кои го диктира новото време и барањата на клиентите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ