петок, 28 февруари 2025

Кинеските марки доминираат со 76 отсто од глобалната продажба на електрични автомобили

Не е тајна дека кинеските произведувачи на автомобили предводат кога станува збор за електричните возила. Она што изненадува е што тоа им успева без да продадат единствен автомобил во Соединетите Американски Држави, вториот најголем и најпосакуваниот автомобилски пазар. А тоа им успева со фокусирање на сите останати битни региони.

Објавено на

часот

Сподели

Според најновите податоци на Ро моушн, кинеските марки сега имаат вџашувачки 76 отсто од глобалната продажба на електрични возила и плагин хибриди, благодарение на агресивното ширење на нови територии. Во Европа, нивниот пазарен удел варира од земја во земја, но ги владеат сите помалку развиени пазари во светот.

Во Германија, најголемиот автомобилски пазар во Европа, кинеските производители имаат околу 4 отсто од 578.000 продадени електрични возила минатата година. Бројките се нешто поголеми во Британија и Франција, каде освоиле 7 и 5 отсто од тоталната продажба на електрични возила. Во Холандија, Шведска, Норвешка и Белгија, кинеските електрични автомобили имаат 6 отсто, 5 отсто, 8 отсто и 3 отсто од пазарот. А нивното присуство е најизразено во Шпанија и Австрија, каде држат 10 и 11 отсто од целосната продажба на електрични возила.

Надвор од Европа, кинеските автомобилски компании имаат уште позначителен успех. Во Бразил, фантастични 82 отсто од сите електрични возила продадени во 2024 година дошле од Кина. Во Тајланд кинеското учество на пазарот е 75 отсто и 70 отсто во Мексико. Кинезите имаат 75 отсто од сите електрични возила продадени во Индонезија, 52 отсто во Малезија, 74 отсто во Непал и 64 отсто во Израел. Популарни се и во Австралија и Нов Зеланд, со 26 и 15 отсто од пазарите.

Дел од овој успех се должи на фактот што повеќето од овие држави немаат силна автомобилска индустрија, што им дава простор на кинеските марки за пазарна доминација. Покрај тоа, кинеската индустрија на електрични автомобили добила најмалку 231 билион државни субвенции и помош од 2009 до крајот на 2023 година. Оваа значителна финансиска поддршка им овозможува на кинеските електрични возила да бидат попристапни од оние на западните произведувачи, давајќи им конкурентска предност.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ