Во својата честитка, кинескиот претседател истакна дека односите меѓу Русија и Кина во 2023 година издржаа во услови на нестабилна меѓународна ситуација и го зачуваа здравиот и стабилен развој.
„Во 2023 година, соочени со вековни промени и нестабилна меѓународна и регионална ситуација, односите меѓу Русија и Кина го зачуваа здравиот и стабилен развој и постојано се движат во вистинска насока“, се наведува во честитката.
Исто така, се додава дека кинескиот претседател нагласил дека под нивно заедничко раководство се продлабочува меѓусебната политичка доверба меѓу Русија и Кина, стратешката соработка стана поблиска, а заемно корисната соработка постојано дава нови резултати, пренесува Спутник.