Ханхуи истакна дека Тајван повторно ќе се придружи на кинеската татковина, опишувајќи го тоа како историски настан кој „никој и ништо не може да го сопре“, истакнувајќи дека кинеската решителност во врска со националната одбрана, суверенитетот и територијалниот интегритет не смее да се потцени.
Во новогодишното обраќање во вторникот, кинескиот претседател Си Џинпинг ја повтори својата визија на единство меѓу Тајван и континентална Кина, опишувајќи ги двете како „едно семејство“ и истакнувајќи дека нивното обединување е историски неизбежно.
„Неуморно ќе ја следиме нашата насока „една земја, два системи“. Ќе го одржуваме долгорочниот просперитет и стабилноста на Хонг Конг и Макао. Сонародниците од двете страни на теснецот се едно семејство и никој не може да ги прекине нашите крвни и роднински врски. Никој не може да го сопре историскиот тренд на обединување на татковината“, порача Си.