понеделник, 21 октомври 2024

Кинеската војска за помошта која САД му ја испраќаат на Тајван: Спремни сме да ја разбиеме тајванската независност

Објавено на

часот

Сподели

„Неодамнешното зголемување на воената размена меѓу САД и Тајван е исклучително погрешен и опасен потег“, кажа портпаролот на министерството за одбрана на Кина полковникот Тан Кефеи, пренесува Асошиејтед прес.

Кинеската народноослободителна армија „продолжува да ја јакне воената обука и подготовките и решително ќе го разбие секој облик на тајванска независност, заедно со обидите за странско мешање. Решително ќе ги браниме националниот суверенитет и територијалниот интегритет“, кажа Тан алудирајќи на мешањето на САД.

Како што додаде, обидите да се бара независност со помош од САД и користење воена сила водат во ќорсокак.

Како што пренесува АП, со најголемата светска морнарица, борбени авиони од најновата генерација и огромен арсенал балистички проектили, Кина ги зголемува заканите со испраќање воени авиони и бродови во воздушниот простор и водите околу Тајван.

Покрај тоа, Кинеската народноослободителна армија, со над 2 милиони војници, се води како најголема војска во светот.

Коментарите на Тан се поттикнати од извештаите дека американскиот претседател Џо Бајден се подготвува да одобри продажба на оружје во вредност од 500 милиони долари на Тајван, како и да испрати воен персонал и советници кои би ги „процениле методите на обука и би дале предлози за подобрување на одбраната на островот“.

Како што претходно пренесе Блумберг, САД планираат да му испорачаат оружје на Тајван „по истата забрзана шема која се користи за испраќање воена помош на Украина“.

Агенцијата истакна и дека американскиот буџет за одбрана усвоен во декември минатата година предвидува издвојување милион долари за воена поддршка на Тајван.

Тајван е под самоуправа од 1949 година, иако никогаш не стекнал формална независност од копното и само неколку земји го признаваат како суверена држава.

Во согласност со политиката на една Кина, Пекинг го смета Тајван за дел од својата територија.

Кина повеќе пати истакна дека не ја исклучува опција за воена интервенција како потенцијално решение на ситуацијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ