понеделник, 21 октомври 2024

Кина ѝ испрати предупредување на Америка

Кина ја обвини војската на Соединетите Американски Држави за „злоупотреба на меѓународното право“ и ја предупреди дека продолжува со опасните провокации во источна Азија, откако разурнувач на американската морнарица мина низ Тајванскиот теснец првпат во 2024 година.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Движењето на разурнувачот УСС Џон Флин низ теснецот кој ги раздвојува Кина и Тајван исто така е прво минување на американски воен брод низ теснецот од изборите на одметнатиот остров пред две недели. Изборите на тајванската Демократска прогресивна партија ѝ ја донесоа третата последователна претседателска победа.

Кина го смета Тајван за дел од својата територија, а лидерот Си Џинпинг не ја исклучува употребата на сила за повторно обединување на островот со копното. Истовремено САД, според законот за односите со Тајван, се должни да му обезбедат на Тајпеј воени средства за самоодбрана, што Пекинг го смета за мешање во внатрешните работи на Кина.

„Бродот мина низ коридор во теснецот кој е надвор од територијалното море на која било крајбрежна држава“, оцени портпаролката на 7-та флота на американската морнарица Меган Грин, тврдејќи дека овој потег е во согласност со меѓународното право.

Кинеското министерство за одбрана порача дека САД со ваквите активности придонесуваат на опасноста и дека е потребна промена за да се избегнат поморски и воздушни несреќи.

„Основната причина на кинеско-американското прашање на поморската и воздушната безбедност лежи во малтретирањето и провокациите од американската војска на куќниот праг на Кина, ангажирајќи се во долготрајни, опсежни и чести активности во поморските и воздушните подрачја кои ја опкружуваат Кина“, наведе кинеската новинска агенција Синхуа, пренесувајќи ја пораката на портпаролот на министерството за одбрана Ву Џијан.

Портпаролот ја повика американската страна да престане да го злоупотребува меѓународното право и да престане со сите опасни провокации и да ги дисциплинира своите трупи на теренот.

Односите меѓу двете земји се одамна напнати, а претходно месецов командантот на американската Индопацифичка команда, адмиралот Џон Аквилино, го обвини Пекинг за кревање на тензиите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ