понеделник, 21 октомври 2024

Кина за војната на Израел против Хамас: Ќе направиме сè што можеме да го вратиме мирот во палестинските територии

Кина, која го презема претседавањето со Советот за безбедност на Обединетите нации, ќе направи сè што може за да се обнови мирот на палестинските територии, соопшти кинеското министерство за надворешни работи, додека тензиите на Блискиот Исток се засилуваат.

Објавено на

часот

Сподели

„Кина ќе даде сè од себе за да го поттикне Советот за безбедност да ги исполни своите обврски, да постигне консензус и да преземе одговорни и значајни акции што е можно побрзо за да се ублажи актуелната криза, да се гарантира безбедноста на цивилите и повторно да се воспостави мир“, кажа портпаролот на кинеската дипломатија Ванг Венбин на редовната прес-конференција.

Пораката на Кина доаѓа во момент кога Израел ја засилува воената офанзива против исламистичката група Хамас. Кина минатата недела го презема ротирачкото претседавање со Советот за безбедност.

Конфликтот на Блискиот Исток е на врвот на дневниот ред на Советот за безбедност во ноември, кажа Жанг Јун, постојаниот претставник на Пекинг во ОН. „Императив е да се промовира прекин на огнот и прекин на борбите, да се спречат понатамошни цивилни жртви, да се спречи хуманитарна катастрофа од поголеми размери и да се спречи ширење на конфликтот“, кажа Жанг.

Специјалниот претставник на Кина за Блискиот Исток Жаи Јун причината на кризата меѓу Израел и Газа го припиша на недостигот од гаранции за права на Палестинците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ