Замрзнат е имотот на Џенерал атомик аеронаутикал системс и на Џенерал дајнемик ленд системс во Кина. Со оваа мерка се забранува и влез на менаџментот на тие компании во земјата.
Џенерал дајнемик му помага на Тајван да купи тенкови Абрамс за да го замени застарениот тип со цел да ја одврати или да се спротивстави на инвазијата од Кина.
Џенерал атомикс ги произведува беспилотните летала предатор и рипер, кои ги користи американската војска. Кинеските власти не кажаа ништо за наводната вмешаност на компанијата во снабдувањето на Тајван со тоа оружје.
Официјален Пекинг и претходно се закануваше со такви санкции, но избегнуваше да ги воведе, бидејќи кинеската економија зависи од странски инвестиции.