„Украинската криза продолжува. Кина се залага за свикување вистинска мировна конференција, која ја признаваат и Русија и Кина, со рамноправно учество на сите страни и искрена дискусија за сите мировни планови“, кажа шефот на кинеската дипломатија.
Како што е соопштено, претходно шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров и неговиот кинески колега Ванг Ји се сретнале на маргините на состанокот.
Тие истакнале дека претстојната мировна конференција во Швајцарија не подразбира рамноправно учество на Русија и фер согледување на сите мировни иницијативи и актуелната реалност.
Ванг Ји истакна дека Пекинг е спремен заедно со Москва да се соочи со надворешните пречки, како и да ѝ пружи поддршка на Москва преку БРИКС.
„Кина е спремна да ги вложи сите напори за да пружи поддршка на претседавањето на Русија во БРИКС и заедно со Москва да го јакне стратегиското партнерство во оваа организација, да го стимулира заедничкото дејствување со цел јакнење на глобалниот југ, како и уште поактивно да изразува поддршка на мултилатерализмот“, порача Ванг.