Бродот „Фуџијан“, кој во јавноста првпат беше прикажан во 2022 година, целосно е дизајниран и изграден во Кина, наведува Ројтерс.
Тој брод, кој сè уште не е тестиран на море, технолошки е понапреден од „Шандонг“, кој беше пуштен во употреба во 21, и „Лиаонинг“ кој Кина го купи од Украина во 1 година.
„Во новата година ќе ја искористиме секоја минута и ќе работиме решително тежнеејќи кон борбената готовност“, ја пренесоа медиумите изјавата на офицер од „Фуџијан“.
Latest Image of Chinese Aircraft Carrier Fujian (003) 🇨🇳 pic.twitter.com/T9gCcOKbQt
— Global Defense Insight (@Defense_Talks) January 2, 2024
Покрај носачите на авиони од класата „Форд“, новата класа носачи на авиони на американската морнарица, „Фуџијан“ ќе биде единствениот носач на авиони во светот опремен со најновиот електромагнетен систем за лансирање авиони.
Кинеската верзија на системот може да лансира повеќе видови авиони отколку на постарите кинески носачи, означувајќи пресвртница во модернизацијата на кинеската војска, наведува Ројтерс.
Кинескиот претседател Си Џинпинг повеќе пати повикуваше на зголемување на борбената готовност и технолошкиот напредок пред стогодишнината од формирањето на кинеската Народна ослободителна армија во 2027 година.