Фуџијан, кој е целосно дизајниран и изграден во земјата, е поголем и понапреден од Шандонг, пуштен во употреба на крајот на 2019, и Лианонинг, кој Кина го купи половен од Украина во 1998.
Fujian EM catapults best look 👀 pic.twitter.com/go1L7De1cd
— Húrin (@Hurin92) April 24, 2024
Развојот на Фуџијан е дел од стратегијата на кинескиот претседател Си Џинпинг кој сака Кина да стане надмоќна воена сила во регионот, со морнарица способна да проектира моќ далеку од кинескиот брег.
🇨🇳China’s First Supercarrier – Fujian – Starts Sea Trials
Fujian's advanced features, including electromagnetic catapults and a larger airwing capacity, significantly enhance China's naval capabilities.
The 316-meter-long ship is expected to enter service next year. pic.twitter.com/Bdp2NGht8r
— MonitorX (@MonitorX99800) April 29, 2024
Фуџијан, кој има напреден систем за млазни авиони, го доби името по кинеската покраина наспроти Тајван. Беше стациониран во бродоградилиштето Џијангнан во Шангај, каде беше подложен на тестирања. ЦЦТВ јави дека бродот Фуџијан испловил утринава нешто по осум часот.
Trial day #Fujian pic.twitter.com/yA0qPzdN85
— Húrin (@Hurin92) May 1, 2024
Тестирањето на море е последниот чекор пред кинеската морнарица да почне да го користи носачот на авиони. Се очекува тој процес да трае до една година. Шангдонг помина девет поморски тестови пред почетокот на користењето.