четврток, 26 декември 2024

Кина ги претставува своите нови воени авиони, прикажан е новиот „невидлив“ Ј-35 (ВИДЕО)

Борбените авиони и воените дронови се во фокусот на најголемиот кинески аеромитинг кој почна денес, што е прилика за Пекинг на потенцијалните купувачи, но и на ривалите, да им ја претстави својата сè понапредна воена индустрија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Кина издвои значителни средства за модернизација и експанзија на воздухопловните капацитети, во време на ривалство со Соединетите Американски Држави и тензии околу Тајван, одметнатиот остров кој Кина го смета за своја територија.

Ѕвезда на саемот Ершоу Кина кој се одржува на секои две години во јужниот град Жухаи е новиот „невидлив“ борбен авион Ј-35А.

Неговото претставување на саемот сугерира дека е речиси спремен за вклучување во воените сили, што Кина покрај САД би ја направило единствена држава со два вида авиони кои избегнуваат радарска и друг вид детекција, тврдат експертите.

Ј-35А е полесен од постоечкиот модел Ј-20 и дизајнот му е случен на американскиот Ф-35.

Државната новинска агенција Синхуа ја пренесува изјавата на воениот експерт Ванг Мингжи, кој вели дека кинеската војска со комбинацијата од тие два авиони значително ја јакне својата „способност за водење офанзивни операции во спорни опкружувања со висока закана“.

Во Жухаи за прв пат ќе биде прикажан и авионот на морнарицата Ј-15Т кој би можел да се користи на новиот носач на авиони Фуџијан.

Ершоу Кина за првпат има дел посветен на дроновите, што ја истакнува сè поголемата важност на беспилотните летала во воените зони, вклучувајќи ја Украина.

Во Жухаи ќе биде изложен и СС-УАВ, големо беспилотно летало кое може да носи роеви мали дронови за разузнавачки цели, пишува Саут Чајна морнинг пост.

На кинескиот воздухопловен саем вчера леташе и најновиот руски борбен авион Су-57.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ