Тој истакна дека САД, кои го поседуваат вториот најголем нуклеарен арсенал во светот, би требало да ја преземат одговорноста за нуклеарното разоружување и драстично да го намалат својот нуклеарен арсенал, пренесува кинеската агенција Синхуа.
Портпаролот потврди дека Кина се придржува до политиката дека никогаш прва не би употребила нуклеарно оружје, дека води стратегија на нуклеарна одбрана и го одржува својот нуклеарен потенцијал на минимално ниво потребно за националната безбедност.
Тој истакна дека американската воена потрошувачка со години ги надминува сите други земји.
Ву исто така ги предупреди САД дека какви било „итри трикови“ во врска со кинескиот регион Тајван ќе имаат негативни последици.
Истакна и дека луѓето од двете страни на Тајванскиот теснец се дел од истото кинеско семејство и ја повтори посветеноста на Кина на мирно обединување, со напомена дека Кина не ја исклучува употребата на сила против сепаратистите кои се залагаат за независност на Тајван, како и против надворешно мешање.
Тој остро ја осуди американската продажба на оружје на Тајван и воените контакти меѓу САД и Тајван, додавајќи дека властите на Тајван ги трошат парите на даночните обврзници на вооружување, наместо да ги вложат во благосостојбата на народот, што на крајот ќе има негативни последици за нив.