понеделник, 30 декември 2024

Ким Џонг Ун се заканува со нуклеарно оружје: Ако Сеул нè испровоцира, ќе го уништиме трајно

Севернокорејскиот претседател Ким Џонг Ун се закани дека ќе употреби нуклеарно оружје и „трајно ќе ја уништи“ Јужна Кореја доколку биде испровоциран, објавија денеска државните медиуми на земјата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој ја упати заканата откако лидерот на Јужна Кореја предупреди дека режимот на Ким ќе падне доколку се обиде да употреби нуклеарно оружје.

Ваквата реторика од Сеул и Пјонгјанг не е нова, но тензиите се зголемија откако на почетокот на септември во медиумите беа објавени фотографии од нуклеарен објект во Северна Кореја, каде што се збогатува ураниум за нуклеарно оружје. Тоа беше редок увид во нуклеарната програма на таа земја.

Се очекува во наредните недели севернокорејскиот парламент официјално да го отфрли помирувањето со Јужна Кореја и да ги кодифицира новите национални граници.

За време на посетата на единицата за специјални операции во средата, Ким рече дека неговата војска „нема да се двоуми да ги искористи сите офанзивни сили што ѝ се на располагање, вклучително и нуклеарното оружје“, доколку Јужна Кореја се обиде да ги искористи вооружените сили против суверенитетот на Северна Кореја, објави државната севернокорејска новинска агенција.

„Доколку се појави таква ситуација, продолжувањето на постоењето на Сеул и Република Кореја би било невозможно“, рече Ким, користејќи го официјалното име на Јужна Кореја.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ