среда, 23 октомври 2024

Ким Џонг Ун предводеше операција за евакуација на 5.000 жители заробени во поплавите

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ги посети областите погодени од поплавите во близина на реката Амнок на северот на земјата и раководеше со операцијата за спасување на околу 5.000 жители со помош на воени хеликоптери, објавија утринава севернокорејските државни медиуми.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Медиумите објавија дека Ким во неделата ги посетил областите во провинцијата Северен Фјонган кои се погодени од поплави по рекордните врнежи на северот на земјата.

Врз основа на наредбата на Ким, воздухопловните сили мобилизираа десетина хеликоптери за евакуација на околу 5.000 жители, пишува Јонхап.

Ким ги критикуваше релевантните службеници дека не ја спречиле штетата од поплавата.

На состанокот на 22 јули, севернокорејскиот лидер им нареди на релевантните агенции да ги спроведат сите мерки за спречување на штетите од потенцијалните обилни врнежи и да се фокусираат на санирање на последиците од поплавите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ