недела, 20 октомври 2024

Ким Џонг-ун напушта важен договор: „Ако избие војна, виновна е Јужна Кореја“

Објавено на

часот

Сподели

Соопштението на севернокорејското Министерство за одбрана дојде еден ден откако Јужна Кореја суспендираше дел од меѓукорејскиот договор како одговор на лансирањето на шпионскиот сателит од страна на Пјонгјанг и рече дека веднаш ќе го засили надзорот долж утврдената граница со Северна Кореја.

„Од сега па натаму, нашата војска нема да биде обврзана со воениот договор Север-Југ од 19 септември. Ќе ги повлечеме воените чекори преземени за спречување воени тензии и конфликти во сите сфери, вклучително и копно, море и воздух, и ќе распоредиме помоќни вооружени сили и нов вид воена опрема во регионот долж воената демаркациона линија“, се вели во соопштението.

Северна Кореја ја обвини Јужна Кореја дека се откажува од договорот, познат како Сеопфатен воен договор, и рече дека ќе го смета Сеул „целосно одговорен доколку избие неповратен конфликт“ меѓу двете Кореи.

Изјавата на Северна Кореја дојде неколку часа откако доцна синоќа истрела балистичка ракета во морето источно од Корејскиот полуостров. Војската на Јужна Кореја соопшти дека лансирањето изгледа неуспешно.

Суспендираниот пакт Север-Југ беше потпишан во 2018 година на средба меѓу поранешниот јужнокорејски претседател Мун Џае Ин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун. Критичарите велат дека пактот ја ослабува способноста на Сеул да ја надгледува Северна Кореја додека Пјонгјанг го прекршува договорот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ