среда, 23 октомври 2024

Киев: Потребни ни се 42 милијарди долари од надвор за да ја покриеме загубата од војната следната година

На Украина следната година ќе ѝ бидат потребни 42 милијарди долари помош од меѓународните донатори за да го покрие дефицитот од војната, исто како оваа година, кажа денес премиерот Денис Шмихал.

Објавено на

часот

Сподели

Тој истакна дека целиот украински мирнодопски буџет сега е посветен на одбраната од руската инвазија, што значи дека на земјата ѝ е потребна меѓународна помош во покривањето на другите трошоци. „Се надеваме дека војната ќе заврши што е можно побрзо. Ние не сме нејзини иницијатори, а Русија може да ја сопре во секое време“, кажа Шмихал.

Среднорочно гледано, меѓународната поддршка на украинската економија би му помогнала на Киев да преземе поголем дел од вкупната потрошувачка, кажа украинскиот премиер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ