понеделник, 21 октомври 2024

Киев пост: Украински специјалци нападнале борци на Вагнер во Судан (ВИДЕО)

Киев пост сподели две снимки кои наводно прикажуваат припадници на украинските специјални сили како напаѓаат припадници на руската безбедносна група Вагнер во Судан. Според извор од украинскиот безбедносен сектор, во тек е операција на „чистење на приватната воена компанија Вагнер, нивните локални терористи и специјалните служби на Руската Федерација“ во таа африканска земја.

Објавено на

часот

Сподели

„Снимката веројатно прикажува акција на специјалните единици на Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина“, истакнал изворот. Одбил да даде детали, наведувајќи безбедносни причини. Сепак, потврдил дека снимката била направена „во последните две недели“ на неименувана урбана локација во Судан.

Се чини дека првата црно-бело снимка е направена ноќе со дрон со помош на инфрацрвено снимање. Мала едница го опкружува комплексот, а во видеото се истакнати метите кои се наоѓаат во комплексот. Се гледа како еден од напаѓачите користи рачен ракетен фрлач за да пука во прозорецот на објектот.

Потоа следат низа експлозии. Некои од мажите во зградата почнуваат да возвраќаат со пукање додека останатите се обидуваат да избегаат. Другата снимка е направена дење, исто така од дрон кој лета на 200 до 400 метри над земјата. Не се прикажани украински специјалци, но неколку мажи трчаат по улиците на густо населен град или село.

Се гледаат повеќе експлозии со различна јачина. Изворот на експлозиите не е јасен. Нема видливи жртви.

Украинската влада официјално не признала распоредување на специјалци во Судан, ниту спроведување операции против вагнеровците. Минатиот месец Си-ен-ен јави дека серија напади со дронови на бунтовниците кои ги поддржува Вагнер во близина на суданската престолнина се поврзани со специјалните сили на Киев.

Украинскиот портал РБЦ Украина го контактирал портпаролот на украинската воено-разузнавачка служба Андриј Јусов за појаснување на ситуацијата во Судан, но тој не ги коментирал тврдењата. „Можете да се сетите на зборовите на генералот Буданов дека Украина ќе ги уништи руските воени злосторници каде било во светот“, порачал тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ