недела, 14 јули 2024

Киев: Околу 600 квадратни километри од Керсонскиот регион се под вода

Објавено на

часот

Сподели

Гувернерот на Керсонската област, Олександар Прокудин, на Телеграм напиша дека просечното ниво на водата утринава е 5,61 метар, пренесува Ројтерс.

Нивото на водата во поплавениот град Нова Каховка, под контрола на Москва, продолжува да паѓа и веќе е намален за 1,2 метри, соопшти денеска градоначалникот Владимир Леонтиев, пренесува ТАСС.

Според руските власти, нивото на водата во Нова Каховка во еден момент надминало 12 метри.

Руските и украинските власти меѓусебно се обвинуваат за гранатирањето на хидроелектраната Каховка, што доведе до поплави, поради кои се раселени илјадници луѓе и оставија стотици илјади без нормален пристап до вода за пиење.

Киев тврди дека руските сили извршиле воено злосторство и одвнатре ја разнеле хидроелектраната Каховка, која Москва ја стави под своја контрола на почетокот на нападот врз Украина.

Според Кремљ, на 6 јуни, украинските сили извршиле напад врз хидроелектраната Каховка, најверојатно со повеќецевниот ракетен систем Олха.

Со гранатирањето се уништени хидрауличните вентили на браната на ХЕ, што предизвика неконтролирано испуштање вода.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ