четврток, 25 јули 2024

Киев: Нуклеарната централа Запорожје на работ на нуклеарна несреќа

Објавено на

часот

Сподели

„Синоќа дојде до целосен дефект во електраната Запорожје“, напиша Енергоатом на Телеграм и додаде дека утринава околу седум часот повторно е воспоставено снабдувањето со електрична енергија на централата и исклучената електрана, што е неопходно за да не се прегрее нејзиното нуклеарно јадро.

Два далноводи што ја напојуваа разводната табла беа прекинати, едниот од нив при воздушен напад, соопшти украинскиот оператор.

Енергоатом наведува дека ваквиот прекин на електричната енергија е опасен и дека без струја бил „на работ на нуклеарна несреќа и радијација“ на животната средина.

„Руските окупаторски сили не се грижат за безбедноста на нуклеарната централа Запорожје“, изјави претседателот на Енергоатом, Петро Котин и додаде дека Русите „создаваат опасни ситуации и го уценуваат целиот свет со нуклеарна катастрофа и радијација“.

Меѓународната агенција за атомска енергија потврди дека централата била привремено без електрична енергија во текот на ноќта и дека тоа е осми таков прекин од почетокот на рускиот напад врз Украина во 2022 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ