За изедначување на времето во целата земја, повеќето казахстански региони од ноќеска на полноќ ќе го поместат часовникот еден час наназад, и целата земја ќе биде во временската зона УТЦ+5.
Досега само западните региони на земјата без во таа временска зона, додека другите, вклучувајќи ги најважните градови Астана и Алмати (Алма Ата), беа еден час понапред. Казахстан, кој граничи со Русија и Кина, се протега на 3.000 километри од исток кон запад.
Нафтената индустрија како основа на казахстанската економија е главно на западот на земјата и не би требало да има пречки во работата.