четврток, 13 февруари 2025

Касами поддржува секаква промена на државните симболи поврзани со минатиот општествено-политички систем

Градоначалникот на Тетово и претседател на партијата Движење Беса, Биљал Касами денеска истакна дека поддржува секакви промени на Уставот, со кои ќе се менуваат државните симболи поврзани со минатиот општествено-политички систем.

Објавено на

часот

Сподели

Според него, се поддржуваат промени на Уставот, со кои би се рефлектирала сегашната реалност на државата.

„Јас впрочем во еден претходен мој јавен настап сум кажал дека и една од целите за именување на улиците во градот Тетово беше тоа што уште стои наследството од минатиот систем, што е и образложението на премиерот во делот на менување на грбот на државата. Ние сме подготвени да разговараме за еден пакет на уставни измени, каде што наместо наследството од претходниот систем ќе рефлектира сегашното ориентирање на државата кон Европската Унија. Ние сме подготвени да разговараме сигурно дека тоа ќе биде и јавен транспарентен процес“, изјави Биљал Касами.

Во објавениот повик за давање предлози за нови имиња на улиците во Тетово нема предвидено можност да се истакне кои називи да не се менуваат, забележаа новинарите, а Касами рече дека таква прилика ќе има.

По завршување на овој јавен повик ќе има јавна дебата, најави тој, каде што граѓаните ќе можат да дојдат и да ги дадат своите предлози за постојните имиња и за нови имиња.

„Во електронска форма, односно во писмена форма, нема многу можности за образложение. Ако сакаат некои од граѓаните подетално да ги образложат своите предлози, ќе имаат можност во процедурата на јавната дебата која ќе биде после јавниот повик да ги образложат. Сигурно ова ќе биде и можност за граѓаните кои ќе имаат предлог на некои од имињата на улиците да останат и сигурно комисијата ќе ги земат в предвид и тие предлози“, рече Касами.

Градоначалникот на Тетово денес беше на настан за промоција на спортска опрема во едно средните училишта.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ