среда, 23 октомври 2024
Изјава на лидерот на Беса

Касами: По локалните избори ќе видиме дали Вреди ќе се трансформира во една партија

Лидерот на Беса, Биљал Касами, денеска изјави дека партиите од коалицијата Вреди и на локалните избори в година ќе настапат коалициски, а потоа ќе се донесе одлука дали Вреди ќе се трансформира во една политичка партија.

Објавено на

часот

Сподели

„Коалицијата Вреди во следната фаза ќе оди со заеднички органи, со координативното тело, каде секоја партија ќе има по двајца членови, претседателот и по еден заменик, а претставникот на Самоопределување, Беким Ќоку ќе биде деветтиот член на тоа координативно тело. Дополнително ќе има и комисија за кадровски прашања која ќе ги реши сите овие работи во делот на именување и разрешување и следење на работат на нашите функционери во Владата и ќе имаме заедничка комуникација со медиумите односно преку портпарол на Вреди до локалните избори кога планираме да одиме заедно“, рече Касами од Тетово, каде како градоначалник имаше средба со новинарите.

Според него, патоказ за следните чекори во коалијата ќе биде исходот од локалните избори.

„Од резултатите на локалните избори ќе се види дали после тоа ќе одиме со следен чекор, да одиме со една структура, една партија, сакаме како досега и натаму да одиме по природен пат. Досега комуникацијата е одлична се надеваме дека и понатаму таква ќе биде и соединувањето на органите и структурите на коалицијата да биде по природен пат“, рече Касами.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ