вторник, 8 октомври 2024

Касами: Има сомневања дека лице од Косово намерно ги запалил изборните материјали во подрумот на Општина Тетово

Градоначалникот на општина Тетово, Билал Касами вели дека пожарот кој избувна во подрумските простории на општина Тетово бил намерно предизвикан и ова го потврдиле и безбедносните камери. Тој рече дека се работи за лице кое не е државјанин на Македонија. Првите сомнежи се дека тој е државјанин на Косово.

Објавено на

часот

Сподели

„Се работи за лице кое кое подолго време се движело во регионот без документи. Се сомничи дека се работи за лице кое е од Косово. Се сомневаме дека е соодветен профил да се злоупотреби за вакво дело бидејќи се работи и за палење документи кои се од последните избори кои се оштетени“, рече Билал Касами, градоначалник на општина Тетово.

Касами рече не се работи за изолиран случај, туку со предумисла за поголема штета.

„Целта беше да се предизвика поголема штета, да се создаде забуна во јавност и да се создадат предуслови за она што опозицијата подолго време предупредува – создавање меѓуетнички тензии во Тетово. Се сомневам, се работи за личност кој не може ова сам да го направи. Секако, тоа е предупредување за општината, но и за другите објекти да ја зголемат безбедноста. Апелирам до сите кои мислат дека со ваквите постапки можат политички да имаат корист, општината не е само една партија, туку на сите граѓани на Тетово“, додаде градоначалникот на Тетово Билал Касами.

Ad

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ