Синоќа Голден стејт го победи Сакраменто со 130-104, а ова беше посебна вечер за Стеф Кари бидејќи ја достигна границата од 4.000 тројки во НБА кариерата.
Тој одамна е најдобар тројкаш во историјата на лигата, а ова е само еден јубилеј кој тешко дека во некоја блиска иднина ќе биде надминат од некој.
HISTORY 🔥
Steph Curry’s 4,000th career 3-pointer!pic.twitter.com/7kFZPXu1P9 https://t.co/vAELKs9n4D
— ClutchPoints (@ClutchPoints) March 14, 2025
Кари имаше скромен учинок на мечот со 11 поени, најефикасен беше Грин со 23 поени. Во составот на Сакраменто 23 поени постигна Дероузен.
Резултати:
Детроит – Вашингтон 125-129
Милвоки – ЛА Лејкерс 126-106
Чикаго – Бруклин 116-110
Њу Орлеанс – Орландо 93-113
Голден Стејт – Сакраменто 130-104