недела, 29 декември 2024

Канцеларија на ЕУ: Европското знаменце да се употребува само кога е оправдано

Објавено на

часот

Сподели

„Означувањето на закони со знаменце на ЕУ е насочено да помогне за забрзување на интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ и затоа треба да има за цел усогласување на законодавството со законодавството и стандардите на ЕУ. Во конкретниот случај, се чини дека нацрт-законот не се однесува на усогласување со таквите стандарди. Ја изразивме нашата загриженост до националните власти и бараме дополнителни појаснувања“, велат од Делегацијата на ЕУ на прашање на МИА да дадат став за најавата дека законите за Коридорите 8 и 10д ќе бидат доставени во Собранието со европско знаме.

Од Канцеларијата на делегацијата на ЕУ во Скопје потсетуваат дека употребата на брзи процедури треба да се ограничи и да се применува само кога е оправдано да се унапреди реформската агенда на ЕУ.

„Како што рековме во последователните извештаи на Комисијата за Северна Македонија, употребата на брзи процедури треба да се ограничи и да се применува само кога е оправдано да се унапреди реформската агенда на ЕУ. Не треба да се користи за скратување на јавните консултации или за решавање на процедуралните тешкотии во законодавниот дом“, велат од Делегацијата на ЕК.

Денеска на прес-конференција Артан Груби, првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците рече дека Владата на денешната седница донела нови пет предог-закони за коридорите 8 и 10д кои ќе бидат доставени до Собранието со европско знаме.

Целта на новите законски решенија, како што посочи, е побрза и поевтина изградба на коридорите. Од пратениците сега зависи, рече Груби, дали изградбата на коридорите ќе биде побрза и поевтина или побавна и поскапа. Ја повика опозицијата да прекине со блокадите на законските решенија затоа што со тоа, како што рече, се ставаат во заложништво 150 милиони евра од граѓаните и се загрозуваат националните стратегиски проекти поради дневно-политичка агенда.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ