среда, 12 март 2025

Канада се повлече, Трамп ја укина одлуката за двојно повисоки царини

Американскиот министер за трговија Хауард Латник потврди дека Белата куќа сепак нема да воведе царини од 50 отсто на канадските челик и алуминиум, јавуваат американските медиуми.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Потврдата стигна откако претходно вишиот трговски советник на американската влада Петер Наваро најави токму таков расплет.

Наваро на новинарите пред Белата куќа им кажа дека до промена на одлуката дошло откако премиерот на Онтарио Даг Форд го повлече планот за воведување дополнителен надомест за електричната енергија, што, според Наваро, може да предизвика промени.

„Мислам дека (Даг Форд) сфати дека ова не е борба која вреди да се бори“, кажа Наваро, додавајќи дека ги советувал канадските функционери да ја „намалат реториката“.

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека Соединетите Американски Држави на Канада ќе ѝ ги удвојат царините на челикот и алуминиумот на 50 отсто поради одлуката на канадската покраина да воведе давачки од 25 отсто на извозот на електрична енергија во САД. Но, премиерот на Онтарио Форд ја суспендираше таа одлука и најави разговори со Вашингтон.

И покрај повлекувањето на планот за дуплирани царини, постоечките давачки од 25 отсто за канадските челик и алуминиум ќе стапат на сила денес, потврди Латник.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ