петок, 18 октомври 2024

Камала Харис: Моето претседателство нема да биде продолжение на Бајденовиот мандат

Демократската претседателска кандидака на Америка, Камала Харис, изјави дека нејзиното претседателство нема да биде продолжение на мандатот на претседателот Џо Бајден и нагласи дека ќе донесе „нов пристап“ во политиката.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Би сакала да бидам многу јасна, мојот претседателски мандат нема да биде продолжение на Бајденовата политика“, рече Харис во интервју за Фокс њуз.

Зборувајќи за актуелните имиграциски прашања, таа ја истакна потребата од реформирање на „расипаниот систем“, пренесе Си-би-ес.

„Не верувам во декриминализација на преминувањето на границата. Не го направив тоа како потпретседателка, нема да го правам ниту како претседателка“, рече Харис.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ