Новиот КАМ маркет се протега на површина од 391 метри квадратни. Маркетот нуди богат асортиман на препознатливи производи од домашни и странски добавувачи со висок квалитет по ниски цени, меѓу кои се млечни и месни производи, топли и крцкави свежи печива од сопствената пекарница, богата понуда на свежо овошје и зеленчук.
Потрошувачите може да се снабдат и со производи за домаќинството и козметика, како и со широка палета на алкохолни и безалкохолни пијалаци по најповолни цени.
Свеченото отворање на новиот продажен објект на КАМ беше одбележано со дегустација на дел од најпрепознатливите приватни марки на КАМ, како што се Bella Farm, Amia, Milord и Solis, за кои потрошувачите покажуваат огромен интерес. Присутните потрошувачи добија можност да учествуваат во наградната игра „Тркало на среќата“ и да освојат подароци, како и да ги искористат специјалните промоции и акциски цени на дел од асортиманот во новиот маркет.
„Будно ги следиме барањата на нашите потрошувачи кои постојано бараат нови локации за нивниот омилен КАМ маркет и се трудиме да им излеземе во пресрет и да исполниме што повеќе од нивните барања. Отворањето на уште еден КАМ маркет во најстрогиот центар на Скопје е со цел да ги исполниме очекувањата на потрошувачите и да им го направиме омилениот бренд што подостапен“, истакнуваат од менаџерскиот тим на КАМ.
Новоотворениот КАМ маркет во бизнис центарот „Настел“ е 81 маркет по ред на познатиот малопродажен бренд кој има свои продажни објекти во речиси сите градови низ земјава.
Комерцијален текст