понеделник, 16 декември 2024

КАМ ги објави поевтинетите производи од новогодишната кошничка, но и ја прошири листата

Како транспарентна и одговорна компанија кон своите потрошувачи, КАМ ги објави производите кои ќе се продаваат по пониски цени во маркетите како дел од новогодишната кошничка од 15 декември до 15 јануари.

 

Објавено на

часот

Сподели

Покрај препорачаните производи, КАМ самоиницијативно дополнително ја прошири листата на производи по намалени цени од асортиманот на приватни трговски марки како Bella Farm, Rancho, Gusto, Sunny Fantasy, Saluti, Milord, Chardak итн. со цел дополнително да ја зголеми понуда на производи по намалени цени за своите потрошувачи.

„Транспарентноста е основа на нашиот однос кон потрошувачите со цел тие да можат да носат информирани одлуки и заедно да ја градиме довербата. Секој производ што влегува во новогодишната кошничка е јасно обележен со ознаката ’Помалку трошоци, повеќе за тебе’. Редовните промотивни активности како и секоја година продолжуваме да ги реализираме со зголемен обем со желба на купувачите да им ги направиме празниците поубави со тоа што секој потрошувач ќе може да си купи празнични производи со висок квалитет по ниски цени“, велат од КАМ.

Производите веќе се достапни да се погледнат на веб страницата која е отворена во рамки на владината кампања „Помалку трошоци, повеќе за тебе“, на ФБ профилот Моја кошница, како и на линкот од веб-страницата на КАМ.

Комерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ