понеделник, 21 октомври 2024
Познатата пејачка се огласи по трагедијата

Калиопи: Тоа беше најтажниот ден во мојата кариера

Тоа беше најтажниот ден во мојата кариера, соопшти познатата пејачка Калиопи Букле откако синоќа го прекина концертот во МТС салата во Белград бидејќи на една жена во публиката, инаку од Македонија, ѝ се слоши, а потоа и почина. Калиопи ја напушти бината облеана во солзи.

Објавено на

часот

Сподели

„Ова е најтажниот ден во мојата кариера… Денес наместо да го славиме животот, на мојот концерт,загубивме еден живот… Во мое име и во име на целиот мој тим, изразуваме длабоко сочувство до семејството на починатата… 

Ова е моја прва и единствена изјава за вечерашниот немил и многу тажен настан за сите нас… Се надевам дека мојата публика ќе има разбирање за одложувањето на концертот… Новиот датум ќе биде објавен наскоро“, напиша Калиопи на социјалните мрежи.

Како што веќе објави МКД.мк, почина 70-годишна жена од Македонија која на концертот во Белград била дојдена со ќерката и со пријателки. Веднаш откако паднала во бесознание, медински екипи интервенирале, еден час се обидувале да ја реанимираат и спасат, но починала. За овој настан извесетија речиси сите медиуми во Србија.

                                                                         Фото: Фесјбук на Калиопи

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ