понеделник, 21 октомври 2024
Алкараз енерџи

Калдерон: Ветерниците се во вистинско време, во Европа ќе се воведе данок за јаглерод

Даниел Калдерон, ко-основач и генерален директор на Алказар енерџи по презентацијата на проектот за 55 ветерници вреден нешто над 500 милиони долари, во изјава за медиумите нагласи дека  инвестицијата ќе ѝ овозможи на Македонија да ја добие толку потребната чиста и пристапна електрична енергија, но и ќе креира работни места. Калдерон акцент стави и на новите политики во Европа со кои ќе се оданочува енергијата што произвдеува јаглерод диоксид, односно содржи јаглерод.

Објавено на

часот

Сподели

„Со почеток на 2026 година во Европа се воведува данок за јаглерод, односно производите што содржат јаглерод плаќаат данок, така што, што повеќе користиме ветерна, сончева или хидро енергија, толку помалку данок плаќаат производите при нивниот влез во Европа“, рече Калдерон.

Тој истакна дека компанијата Алказар енерџи доаѓа во момент кога политичкиот прозорец во земјава е исправен, економскиот контекст е поволен, како и трошоците за технологијата се поволни за да може проектот да се реализира на одржлив начин.

Прашан кои услови им биле понудени од страна на македонската влада и што Алказар енерџи побарал за реализација на инвестицијата, Калдерон рече дека условите се исполнети.

„Утрово ја имав честа да се состанам со премиерот со кого имавме разговор за тоа кои се условите за да се спроведе целта инвестиција на еден транспарентен начин. Условите се исполнети. Беа анализирани условите, дел зависат од Владата. Сите правни процеси беа спроведувани во меѓувреме, затоа што има многу чекори што треба да се поминат од типот на анализа на меѓусебната поврзаност, ангажираноста на земјиштето, добивањето на правата за интерконекции и други нешта. Дел од овие чекори зависат од Владата, дел не. Бидејќи, мора да направиме анализа за животната средина, за социјалните аспекти и другите работи, кои што треба да се анализираат за сето тоа да биде подготвено и да може да се реализира“, рече Калдерон.

Тој повтори дека бенефициите од инвестицијата се странски директни инвестиции.

„Ова се свежи долари кои што директно влегуваат во економијата на Македонија, создавање на работни места, односно 630 во текот на изградбата и дополнителни 200 во текот на работата, што е во траење од 20 до 30 години. Намалувањето на цената на чинењето на електрична енергија е она што го нарекуваме израмнување на трошоците на електрична енергија од ветерна енергија, што е поевтина од енергијата произведена од јаглен или гас“, рече Калдерон.

Времето на изградба на ветерниот парк е 24 месеци, односно во втората половина 2027 година се очекува да се видат првите бенефити од проектот.

Премиерот Мицкоски на презентацијата на проектот рече дека со завршувањето на овoј проект дури 100-тина илјади македонски семејства ќе може да се снабдуваат со електрична енергија од овие ветерници. Според Мицкоски, овој проект е значаен од многу аспекти – со него ќе се зајакне значително енергетката независност, ќе го зголеми обемот на инвестиции, како и ќе отвори пат за нови инвестиции.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ