сабота, 26 октомври 2024
Новиот сопственик може да направи проблеми

Како Манчестер јунајтед може да биде суспендиран од настап во Лигата на шампиони во 2024/25?

Објавено на

часот

Сподели

Пред речиси една година, семејството Глејзер го стави Манчестер јунајтед на продажба.

Долго време се говореше дека Шеикот Јасим е главен кандидат за да стане нов газда на клубот од Олд Трафорд, но по долги преговори, Катарците се повлекоа од намерата.

Тоа ја отвори вратата за Сер Џим Ратклиф да влезе во Манчестер јунајтед и се очекува во скоро време најбогатиот Британец да купи 25% од клубот.

Но една ваква зделка може да им создаде дополнителни проблеми на „ѓаволите“. Имено, УЕФА има строги правила за настап во Европа на два клуба со исти сопственици.

Сер Џим Ратклиф е сопственик и на Ница, па според сегашните правила, доколку двата клуба обезбедат настап во Лигата на шампиони, едниот ќе биде суспендиран од учество во најелитното европско натпреварување.

Како што налагаат правилата, клубот кој ќе има подобар пласман на табелата, е тој кој ќе добие зелено светло за настап, па доколку Ница заврши на второто место во Лига 1, а Манчестер јунајтед на третото место во Премиерлигата, клубот од Азурниот брег ќе се најде во Лигата на шампиони.

Во случај двата клуба да завршат на исто место, Манчестер јунајтед ќе има предност поради подобриот ранкинг на Премиерлигата.

Двата клуба можат да настапат во Европа само под уселов едниот да игра во Лигата на шампиони, а другиот во Конференциска Лига со цел да се осигура дека нема да се сретнат еден против друг.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ