четврток, 23 јануари 2025

Како да го одберете вистинскиот телевизор за вас?

Телевизорот е клучот за релаксација и за добро поминато слободно време дома. Во слободното време сите сакаме да се опуштиме со серија, филм или со спортски натпревар, а доколку имаме ТВ со поголема резолуција и поширок екран, уживањето ќе биде уште поголемо. Покрај забава, телевизорот е и причина плус за семејството да помине квалитетно време заедно, па токму затоа и потрагата и избирањето нов телевизор често знае да биде заедничка одлука на сите членови на семејството.

Објавено на

часот

Сподели

Денес не е лесно да се одбере телевизор со оглед на големиот број можности и опции на пазарот. Телевизорот треба да трае долго, па затоа пред да се решите за конкретен модел, треба да го искористите фактот што има многу понуди. Одлучете се за модел што одговара на вашиот буџет, но истовремено нуди квалитетна слика, звук и други важни технички спецификации за кои зборуваме подолу во текстот.

Големина на екран

Денешните телевизори доаѓаат во различни и, не ретко, огромни димензии. Колку што е поголем екранот, толку е подобро визуелното искуство, па токму затоа сите се стремат кон што поголема димензија на екранот. Кога гледаме филмови или спортски натпревари на голем екран со висока резолуција, можеме комплетно да се внесеме во една нова реалност и да заборавиме на нашето секојдневие.

Фановите на спортските натпревари уживаат да ги гледаат своите омилени спортисти на голем екран поради тоа што на тој начин можат искуството од стадионот да го пренесат во својот дом.

Новите модели на телевизори се повеќе од алатка на која се гледа само телевизија. Денешните модерни уреди може да служат како дел од декорот во домот, па кога не гледате телевизија, на екранот може да стои уметничко дело во форма на слика, ваша семејна фотографија и друго.

При изборот на екран, не заборавајте дека е важно тој да одговара на димензиите на вашата соба. Поголем екран бара поголема оддалеченост за гледачите. Дополнително, големината на екранот влијае драстично на цената, па имајте предвид каков е вашиот буџет пред да се залетате кон 90-инчен телевизор.

Резолуција

Не е исто чувството при гледање филм на телевизор со 4K резолуција и на телевизор со 1080p резолуција. На телевизорот со 4K сликата се гледа со многу повеќе детали, живи бои и остри контури. Резолуцијата е особено важна доколку одберете голем екран на телевизор бидејќи повеќе пиксели значи и погуст распоред низ екранот, што е најважниот дел за квалитетна слика.

Кога гледате филм или спортски натпревар, високата резолуција ќе ви овозможи да забележувате повеќе детали, што не е возможно кај телевизор со ниска резолуција. Таа ќе ви овозможи да уживате во подобро визуелно искуство со пореална слика.

Сетете се на последниот живописен филм што сте го гледале во кино или на голем квалитетен екран и обидете се истиот да го гледате на стар телевизор. Разликата е неспоредлива и токму затоа е важно кога барате нов телевизор да побарате висока резолуција.

r

SMART карактеристики

Денес на пазарот се најпопуларни паметните телевизори, кои на корисниците им овозможуваат да уживаат и во интернет-содржините, покрај тие на ТВ-каналите. Ова овозможува да добиете пристап на голем екран до популарните стриминг платформи, како Netflix, Hulu, HBO или Disney+ директно од вашиот телевизор. 

Со помош на многубројните апликации направени специјално за вашиот телевизор, можете да слушате музика на Spotify или YouTube, но и да следите во живо голем број спортски натпревари.

На oвие телевизори можете да уживате во огромен број канали од целиот свет со помош на апликацијата што овозможува пристап до платени сателитски и кабелски програми, што ќе ви овозможи неограничен пристап до содржината што ве интересира.

Со СМАРТ телевизор лесно ќе пребарувате содржина на интернет и ќе можете да сурфате со невидена леснотија. Една карактеристика што ја прави разликата меѓу паметните телевизори и другите е тоа што тие ви предлагаат содржина што најдобро одговара на вашиот профил и вкус. Алгоритмот создава листи и предлози за вас базирани на вашата историја и навика на гледање. Ова може да ви помогне да откриете нови и интересни содржини до кои сами, можеби, не би дошле.

Опциите и можностите се бескрајни во зависност од моделот што ќе го одберете. Од смарт поврзување со другите уреди во домот, преку можноста за гласовни команди, до користење на телевизорот како монитор за работа. Погледнете ги спецификациите пред да одберете и уживајте во времето поминато со новиот телевизор.

 

                                                                                                           Комерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ