петок, 21 февруари 2025

Каја Калас: Трамп се збуни кога рече дека Зеленски е диктатор, Путин е диктатор

Високиот претставник за надворешна политика и безбедност на Европската унија, Каја Калас, изјави во Јоханесбург дека американскиот претседател Доналд Трамп веројатно го помешал Владимир Путин со Володимир Зеленски кога го обвини украинскиот претседател дека е диктатор.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Кога го слушнав тоа, мојата прва мисла беше дека тој сигурно ги измешал двајцата. Затоа што е јасно дека Путин е диктатор“, изјави Каја Калас за новинарите по состанокот на министрите на Г20.

Навраќајќи се на критиките на Трамп, кој го критикуваше отсуството на претседателски избори во Украина по инвазијата што ја започна Русија, Каја Калас рече дека „не е можно да се организираат избори за време на војна“.

„Има луѓе кои се раселени“, додаде таа по состанокот на министрите на Г20, кој го сочинуваат 19-те најголеми економии во светот, Европската унија и Африканската унија.

Високиот претставник на ЕУ го повика европското население да остане со „ладна глава“.

„Веќе еден месец се будиме со нови изјави, треба да се навикнеме“, додаде таа.

Според неа, рано е да се зборува за испраќање војници на украинска територија, бидејќи сѐ уште нема примирје, нема мир.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ