среда, 12 февруари 2025

Кај вработен во фабрика за медицински канабис најдена е дрога

Вчера на улицата „15 Корпус“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид врз основа на Закон за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, од слобода го лишија Ј.П. (41) од Струга, вработен во фабрика за производство на медицински канабис.

Објавено на

часот

Сподели

Од него е одземено едно пакување со кафеава материја, кое е пронајдено кај него од работник на обезбедување при излез од фабриката. По целосно документирање на настанот, против Ј.П. ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ