петок, 18 октомври 2024
Прес-конференција на СДСМ

Каевски: Шпицниот градоначалник Мицкоски со своите кадри се виновниците за хаосот во Скопје

Објавено на

часот

Сподели

„Градоначaлниците на ДПМНЕ во Скопје се најнеспособната локална власт досега. Мицкоски ги излажа Скопјани, бараше гласови за Арсовска и ја промовираше за ‘најдобра менаџерка’ и ‘вистинска мајка’ и тој е директно одговорен за ова што се случува. 

Наместо модерно Скопје како што Мицкоски и ДПМНЕ ветуваа пред скопјани кога бараа гласови од нив, на главниот град му приредија уште една катастрофа. До толку се неспособни градоначалниците на ДПМНЕ и кадрите на Мицкоски, со едно ѓубре не можат да излезат на крај.

Какво модерно Скопје, каков развој. ДПМНЕ и Мицкоски го претворија Скопје во депонија. Хаос имаше и со градскиот превоз, нема проекти, нема развој, ДПМНЕ од Скопје направи нечист, загаден и нефункционален град.

Одговорноста е директно кај шпицниот Мицкоски и неговите кадри од ДПМНЕ“, рече Каевски на прес-конференција на СДСМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ