петок, 21 февруари 2025

Кадриу: Вреднувањето на работата на обвинителите додека се членови на СЈОРМ е апсурдно

Позитивното вреднување на работата на обвинителите затоа што биле членови на Советот на јавни обвинители е апсурд и е во спротивност со целокупното право и Уставот на земјата, изјави уставниот судија Осман Кадиру откако Уставниот суд денеска поведе постапка за оценување на стажот на членовите на Советот на јавни обвинители кои се избрани од редот на јавните обвинители (СЈОРМ). Оваа одлука е резултат на иницијативата поднесена од обвинителката Ленче Ристоска, која оспори дел од деловникот за работа на советот. Според Ристоска за времетрањето на мандатот, членовите на СЈОРМ избрани од редот на јавните обвинители не вршат јавно-обвинителска функција и не може да бидат оценувани за подоцна врз основа на тоа да напредуваат во кариерата.

Објавено на

часот

Сподели

„Членовите на Советот на ЈО, кои се бираат од составот на обвинителите со самиот избор, нивната функција престанува и тие продолжуваат да работат на сосема други работни задачи кои немаат никаква врска со обвинителската функција. На ваков начин се врши и дискриминација кон другите обвинители кои конкурираат и очекуваат одредено унапредување врз основа на позитивна оценка“, посочи Кадриу.

Според Кадриу, основано се поставува прашањето како може да се вреднува нивната работа и тоа како позитивна оценка, која се однесува само за обвинителската функција и вршењето на обвинителската функција.

„Отворено се поставува прашањето како може да се оценува како обвинителска функција, функцијата на членовите на Советот на јавни обвинители кои не ја вршеле таа функција, не се носители на таа функција. Кариерата и унапредувањето се добива само за работата и работните задачи и за сработеното на работното место на кои ги врши работите… а, членовите на Советот на јавни обвинители додека се членови и правно и објективно, и фактички и физички не работат како обвинители и не може да работат, затоа што нивната функција е во мирување и тие вршат други работи кои не се и не претставуваат квалификација на обвинителската дејност“, изјави Кадриу.

По расправата судот, рече Кадриу, едногласно определил да донесе одлука за поведување на постапка за таа одредба, која, како што посочи „е скандалозна од аспект и на критериумите на правото и на Уставот“.

Кадриу, исто така, информираше дека имало и предлог да се донесе времена мерка за да се стопира понатамошната примена на овој акт, додека Уставниот суд не се произнесе за правната судбина. Но, овој предлог не го добил потребното мнозинство.

Уставниот суд донесе одлука да поведе постапка за оценување на стажот на членовите на Советот на јавни обвинители кои се избрани од редот на јавните обвинители (СЈОРМ). Оваа одлука е резултат на иницијативата поднесена од обвинителката Ленче Ристоска, која оспори дел од деловникот за работа на советот. Според Ристоска за времетрањето на мандатот, членовите на СЈОРМ избрани од редот на јавните обвинители не вршат јавно-обвинителска функција и не може да бидат оценувани за подоцна врз основа на тоа да напредуваат во кариерата.

Во иницијативата е наведено дека оспорената одредба е во спротивност со Уставот, со Законот за Совет на јавни обвинители и со Законот за јавното обвинителство.

 

„За времетрањето на мандатот, членовите на Советот на јавни обвинители избрани од редот на јавните обвинители не вршат јавно-обвинителска функција и не може да бидат оценувани, односно тие во конкретниот период не може да реализираат ‘позитивно оценет јавно-обвинителски стаж’. Се тврди дека станува збор за прашање кое не може да се уредува со Деловник, бидејќи изворно не е уредено со законски пропис, па се остава впечаток дека членовите сами си доделиле право и поволност кои Законодавецот не им го гарантирал. Од ова придобивка имаат самите членови кои по завршување на мандатот во Советот на јавни обвинители се унапредени во повисоки позиции во јавните обвинителства“, се наведува во иницијативата.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ